Кривичниот суд денеска информира дека е донесена позитивна оцена на обвинителниот акт, по што следува и закажување на судско рочиште за насилството што се случи на 27 април 2017 година. Митко Чавков, поранешен министер и прв човек на БЈБ, пратениците Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и уште дваесетина обвинети за тероризам, поради , наскоро ќе седнат на обвинителна клупа. За настаните на 27 април обвинети се 30 лица за тероризам и загрозување на уставниот поредок. Иако обвинението е во фаза на решавање дали ќе има судење, обвинителството се уште истражува кој го нарача насилниот упад во Собранието. Во документот кој до судот е доставен на 27 март годинава, нема нарачател. Стои само дека во организацијата на протестите главна улога имал Александар Василевски – Нинџа.
Најново од Вести
Премиерот Димитар Ковачевски планира во наредните 10 дена да го покани на лидерска средба, првиот човек
Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја посети Универзитетската Клиника за кардиохирургија каде започнаа да се извршуваат хируршки
Денеска успешно започна полагањето на државната матура во учебната 2022-2023 година. Вкупно 15.620 пријавени ученици го
Нема ден да не помине, а да нема некое ново разочарување кое што владата го приредува
На северот на Косово утрово е мирно, по вчерашните немири. До немири дојде кога граѓаните се