|

ВАРВИЦИОТИС: ПОЧЕТОКОТ НА ПРИСТАПНИ ПРЕГОВОРИ САМО ЗА ЕДНА ЗЕМЈА МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА

Поради присутноста на албанскиот елемент во регионот, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис говорејќи на постојаната комисија за национална одбрана и надворешни работи во грчкиот Парламент.

Според презентираните ставови на алтернативниот шеф на грчката дипломатија, Грција смета дека ЕУ треба да даде зелено светло за почеток на преговори истовремено за Северна Македонија и Албанија и да нема разделување на кандидатурите на двете земји, јавува Алсат.


– Бидејќи албанскиот елемент е присутен во целиот регион, разделувањето и почетокот на пристапни преговори со само една земја кандидат, може, наместо да ја продлабочи стабилноста, да предизвика одново појавување на дестабилизација на нашата северна граница. Затоа нашата земја смета дека треба истовремено да се донесе одлука за почеток на пристапни преговори за двете земји, односно coupling, наместо раздвојување, т.е. decoupling, објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција пред членовите на парламентарната комисија.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави