ВЛАДО ЧЕРНОЗЕМСКИ-ЛЕБЕДОВАТА ПЕСНА НА ВМРО

Нема некој кој не беше чул за него, нема некој кој не го чествуваше неговиот подвиг, нема некој во Македонија кој во своите младешки денови, не беше проронил барем една солза над трагичната судбина на револуционерот-одмаздник, нема некој кој не беше восхитен од него и признателен кон неговиот чин, проследен со личната саможертва. Во македонските долги зимни ноќи, децата седнати околу огништата ја слушаа приказната за херојскиот чин на Владо Черноземски, кој во нивните очи стануваше како оние херои од приказните, секогаш обвиени со ореолот на ангел-одмаздник.

Величко Димитров Керин, попознат како Владо Черноземски или Владо Шоферот е роден 1897 година во селото Каменица, денес квартал на Велинград. Завршува третокласно училиште во своето село и заминува за Софија. Учествува во Првата светска војна, за во 1922 година да се приклучи на ВМРО на Тодор Александров. Со четите ва војводите Иван Брло и Трајко Лакавишки учествува во борбите против српската окупаторска власт во Македонија на терените во Штипско, Кочанско и Радовишко. Тодор Александров го ангажира за исполнување на “специјални задачи” за подоцна, под раковосдтвото на Иван Михајлов ги изврши атентатите на припадниците на левицата во ВМРО, Димо Хаџи Димов и Наум Томалевски.

Во тоа време Македонија стенка под диктатурата на кралот-самодржец Александар Караѓорѓевиќ. Од вкупно 14.500 жандарми во кралска Југославија, повеќе од 12.000 се сместени во Македонија, и заедно со  македонските србомани организирани во познатото штипско “Удружење за борбу против бугарских бандита” заедно со ренегатите од ВМРО,  вршат невиден терор врз населението, Убиствата на мажи, жени па дури и деца се секојдневна слика од македонските села и градови. Се врши насилна србизација на населението, а се гонат и најчесто убиваат сите свештеници и учители од времето на Егзархијата, како носители на самостојната и независна бугарска  национална и образовна свест. И не само во Македонија. Крал Александар врши слични насилија и низ Хрватска, прогонувајќи ги оние кои покажуваат почит кон својот хрватски идентитет, сакајќи насила од сите да направи некаква нова “југословенска нација”, разбира се, со преовладувачки српски идентитет.

За теророт на крал Александар да биде спречен, хрватските националисти Анте Павелиќ и Густав Перчец, 1929 година, потпишуваат договор за соработка со Националниот комитет на Сојузот на македонските емигрантски организации за надвладување на неподносливата ситуација во Македонија и Хрватска. Тоа е почетокот на крајот на кралството Југославија и запечатување на судбината на династијата Караѓорѓевиќи. Перчец и Павелиќ се осудени на смрт, но тие веќе се во странство и од таму се решава судбината на Југославија и на омразениот тиранин. Хрватите се цврсто решени да извршат атентат а ВМРО го дава својот најдобар човек, како “припомош” во обуката на атентаторите. По подготовките на групата извршени во Италија и во логорот Јанка Пуста во Унгарија, атентаторите пристигаат во Франција, да го чекаат кралот Александар на неговата официјална посета на Франција. Логистичка поддршка, со фалсификувани пасоши, пари и оружје добиваат од Еуген-Дидо Кватерник, подоцнежен шеф на тајната полиција на НДХ. На 9 октомври 1934 година, Владо Черноземски стрела во кралот Александар на улиците на Марсеј, го убива а притоа и самиот е смртно ранет од француската полиција. Умира во полициската префектура во Марсеј, без да изусти нито дума, а франциските власти не му даваат ни елементарна лекарска помош. Од тука натаму, се е јасно и напишано.

Во моментот на атентатот ВМРО официјано не постои. Организацијата е растурена а повеќето нејзини видни членови се, или по затворите, или во прогонство некаде низ Бугарија. Лидерот Иван Михајлов е емигрант во Турција. Тој веројатно знае се, но речи си никому ништо не кажал. И на Бугарија не и е лесно. Стенкаат под режимот на двојниот агент, професионален превратаџија и бугаромразецот Кимон Георгиев. Антуражот на таа опсурна персона и неговиот круг “Звено”, платени со московските пари, ја кројат судбината на една намалена, разделена и обезличена Бугарија. Тогаш, 1934 година не успааја, но затоа пак во 1944 година триумфираа, служејки на советската окупаторска армија и на сатрапот Сталин. За жал, нив не ги снајде заслужената казна.

Револуционерното ВМРО згасна 1934 година, благодарејќи на слугите на Москва во Софија, но и на нивните подржатели во Македонија, По 1990 година се формираа нови ВМРО-а како во Бугарија, така и во Македонија, но ниедно не ја достигна славата на “старото” ВМРО. Не станува дума за оружани акции, говориме за недостаток на интелектуална моќ, волева компонента и страв од средбата со изминатите, херојски времиња.

Атентатот во Марсеј е последната оружена акција на михајловистичкото ВМРО. Смртта на крал Александар ги отвори демократските процеси во Југославија. Одново се отворија партиите укинати со акт на кралот, се формира распуштената Скупштина, почнаа парламентарните борби. Се отвори надеж за нови, светли перспективи.

Во основата на успехот на атентатот во Марсеј е вградена саможртвата на Владо Черноземски. Тоа е последната, најубавата, претсмртната “лебедова песна” на ВМРО, за потоа да останеме со надеж но и илузија дека нештата во Македонија ќе тргнат на подобро.

Автор: Владимир Перев