СТУДЕНТИТЕ ОД ШЕСТА ГОДИНА НА МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ СЕ ВКЛУЧУВААТ ВО РАБОТАТА НА КОВИД ЦЕНТРИТЕ

//

Студентите од шеста година на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и волонтерите од Воено-медицинскиот центар од денеска се вклучуваат во работатата на ковид центрите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на неговата Фејсбук страница.

„Тој потенцираше дека помошта која им ја даваат е многу важна во период кога има голем број на хоспитализирани пациенти со Ковид-19.

За нив ова е искуство какво што можеби нема да имаат прилика да го видат во нивната кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата“, информираше Филипче.



Радио МОФ претходно во повеќе наврати пишуваше за интересот на студентите за вклучување во работата на ковид центрите. Во справувањето со пандемијата, одреден период се вклучуваа единствено студенти кои им помагаат на службите во изготвувањето на епидемиолошките анкети и решенијата за самоизолација.

Претседателката на Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет Теа Михајлова, во разговор со Радио МОФ претходно посочи дека доколку од студентите се побара да работат во ковид центрите, како што рече, „сигурна сум дека колегите и ова ќе го прифатеа без двоумење“.

Претходна статија

ЛАВРОВ: РУСИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА СЕКАКВИ ГЛОБАЛНИ СЛУЧУВАЊА ПО ИЗБОРИТЕ ВО САД

Следна статија

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 56 ПАЦИЕНТИ

Најново од Вести