МЛАДО МОМЧЕ ПОЧИНА НА ИНФЕКТИВНА- НЕГОВИТЕ БЛИСКИ ТВРДАТ ДЕКА БИЛ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19
„Дваесет и шестгодишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба“, стои во писмениот одговор до МИА од Одделение за односи со јавноста при Министерство за здравство.
Според неофицијални извори блиски до момчето станува јасно дека тој бил позитивен на коронавирус. Тие исто така велат дека на клиника се лекувал и неговиот брат. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.
