| |

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: КУЈТИМ Е ОД ДОБРО СЕМЕЈСТВО, НЕ СЕ РАДИКАЛИЗИРАЛ КАЈ НАС

Градоначалникот на општина Брвеница, Енвер Пајазити за Слободен печат, вели дека терористот од Виена Кујтим Фејзулаи потекнува од пристојно и фино семејство, па оттаму и самите биле во шок од веста за терористичкиот напад, која утринава е тема број еден за жителите на ова тетовско село.

„Сите сме шокирани, бидејќи станува збор за добро семејство, фини луѓе… Дедото се пресели во Австрија уште на почетокот на 80-тите години, но најмалиот никој не го познава. Се распрашав и кај помладите во селото, но скоро никој да не го познава и никој не помни кога последен пат го виделе тука, изјави Пајазити за Слободен печат.

Градоначалникот, одговорајќи на прашањето дали е возможно Кујтим да се радикализирал токму во Челопек, истакна дека таква опасност, според неговите сознанија, нема.

„Тој воопшто и немал круг на луѓе тука, не успеал ниту да се социјализира. Жалам што како село, општина, држава се споменуваме во вака негативен контекст“, заклучува Пајазити.



Слични Објави