УТРЕ ПРЕСУДА ЗА КИЧЕЕЦ КОЈ ПРИЗНА ВИНА ВО „РЕКЕТ“
Пресудата за Зоран Милевски Кичеец ќе биде објавена утре, откако денеска на судењето за случајот „Рекет“ призна вина, јавува Фокус.
По неговото признание доказите кои се однесуваа на него се издвојуваат од предметот и не се изведуваат пред судот.
-Со оглед дека обвинетиот ја призна вината се докажа дека го сторил делото. Предлагам судот да му изрече казна ценејќи ги сите олеснителни и отежителни околности, рече Русковска, пред да се одлучи за казната.
Неговиот адвокат Александар Новаковски рече дека очекува условна казна за неговиот клиент.
