| |

Минков: Целата политичка елита во РС Македонија е антибугарска

„Целата македонска политичка елита е македонистичка, а македонизмот во својата суштина е антибугарски. Не смееме да имаме илузии. Мораме да дејствуваме поактивно, дипломатски, но аргументирано и категорично во нашите контакти со целата македонска политичка елита. Мораме секогаш да бидеме свесни дека против нас има луѓе кои претставуваат општество со национален идентитет создаден врз основа на македонизмот, кој е антибугарски“, изјави во емисијата „Сабота 150 “ на БНР, новинарот Мартин Минков, поранешен дописник на Бугарското национално радио од Скопје.

Според него, Бугарија требало да биде пофлексибилна, бидејќи има многу сериозно разочарување кај жителите на Северна Македонија и нивниот однос кон Бугарија се менува.

Според Минков, во Северна Македонија нема услови за предвремени избори. Тој посочи дека би настанала ситуација која би ја свртел вагата кон антиевропските сили во РС Македонија доколку земјата до 14 декември не добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Според Минков, за време на неговата кратка турнеја низ Атина, Тирана и Скопје, премиерот на Холандија Марк Руте застанал зад почетокот на преговорите меѓу РСМ и Албанија и ЕУ:

„Според албанските медиуми, тој бил доста остар и за позицијата на Бугарија. Во Албанија тие се чувствителни затоа што се чувствуваат како жртва, бидејќи не можат да започнат преговори.

Новинарот нагласува дека Холандија и Франција биле првите земји што ја запреле РС Македонија на патот кон Европската унија, а сега Хаг вели дека не е меѓу оние кои се против пристапувањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

„Макрон сака да го расчисти проблемот со Западен Балкан во лицето на Албанија и РС Македонија пред да го преземе француското претседателство со Советот на ЕУ на 1 јануари 2022 година. Ова е и година во која тој мора да се бори за следниот претседателски мандат. Воден од својот и од интересот на Франција Макрон покажува дека Париз цврсто стои зад почетокот на преговорите со РС Македонија и Албанија“, вели Минков.



Слични Објави