Сопругата и ќерката на бугарскиот амбасадор во РС Македонија учествуваа во модна ревија со добротворна цел

//

По повод Меѓународниот ден на децата и лицата со Даунов синдром – 21 март – сопругата на амбасадорот Ангел Ангелов – Билјана и нивната ќерка – Амели зедоа учество во модна ревија со добротворна цел.

Настанот веќе петта година го организира Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“, Струмица. Целта на настанот „Убави сме, свои сме“ беше да се подигне вниманието на јавноста кон луѓето со хромозом 21. Затоа секоја манекенка на ревијата беше придружувана од дете со овој синдром.

Ангелова секогаш ја носи својата ќерка на средби со деца со посебни потреби.

„Ова е начин да се даде пример дека децата треба да се дружат, учат и играат заедно“, вели сопругата на амбасадорот.

Во летото на 2021 година, кога имала само 5 години, малата Амели ја донирала својата коса за децата болни од рак. Пример што го дала нејзината мајка во неколку наврати.



Специјално за ревијата, дамите носеа фустани од Emili Exclusive Design. Интересен е податокот дека во горниот дел од фустанот на Билјана Ангелова е изпишано брајловото писмо, а нејзината чанта ја плетела Елизабета Петковска, исто така лице со Даунов синдром.

На ревијата присуствуваа повеќе од 400 гости, а специјални гости беа амбасадорот Ангел Ангелов, градоначалникот на Струмица г-дин Костадин Костадинов, градоначалникот на општина Валандово г-дин Перо Костадинов и други.

Сопругата на амбасадорот на Република Бугарија, е иницијатор и учесник на повеќе кампании, меѓу кои можеме да ги издвоиме „Биди храбра! Стоп за домашното насилство“, „Чукни на хауба-чукни три пати“, „Среќна среда“ и други.

Претходна статија

Леонидов: Бугарија мора да биде обединета со Западот и да покаже зрелост

Следна статија

Ердоган: Денеска ќе разговарам со Зеленски

Најново од Вести