(Видео)Перев: Некој се обидува да ја префрли вината за доцнењето на евроинтеграцијата на РС Македонија на туѓа држава, претходно тоа беше Грција

///

„Некој се обидува да ја префрли вината за доцнењето на евроинтеграциските процеси во РС Македонија на некоја туѓа држава. Претходно тоа беше Грција која се противеше за името, бидејќи РС Македонија јасно ги покажа своите мегаломански традиции за тоа што значи името Македонија. Грција успеа да се избори со тоа“, изјави редовниот колумнист на порталот Трибуна Владимир Перев во емисијата „Офанзива“ на бугарската телевизија Нова тв.

Перев додава дека кога Заев вели да не се враќаме назад тоа значи да се остави историското минато на толкувањата на југословенската комунистичка наука и номенклатура и да гледаме напред.
„Кажано со прости зборови, бугарската страна да отстапи од ветото и да го потпише патот кон ЕУ за РС Македонија, со признавање од страна на Бугарија дека сите тие кои се родиле, дејствувале на територијата на т.нар. „етничка“ Македонија, биле Македонци каков што сум јас денеска и говореле на јазик, којшто јас сум го учел говорел и пишувал. Тоа е наједноставната работа. Се бара начин Бугарија да направи кардинална отстапка и да ја изгуби речиси целата своја историја “, дециден е Перев.

Во однос на говорот на омраза од страна на македонските политичари, Перев смета дека истите не треба да се сфаќаат сериозно и упати критика кон бугарските власти, кои 30 години молчеле за тоа дека во РС Македонија секогаш дежурен кривец е Бугарија. Перев вели дека таа позиција на Бугарија се променила во послената една година.

Што уште кажа Владимир Перев погледнете во видеото што следи:



Претходна статија

Гостивар ќе ги донира парите определени за украсување на Новата година

Следна статија

Петков и Василев за МИА: Скопје и Софија фокусот од историјата треба да го префрлат на сегашноста и на иднината

Најново од Вести