Албанија влегува во финалната фаза од преговорите со ЕУ
Албанскиот министер за надворешни работи Ферит Хоџа го оцени 14 јули како нов историски момент на патот на земјата кон членство во Европската Унија, јавува БГНЕС.
Тој потсети дека Албанија во октомври 2024 година немала отворено ниту едно преговарачко поглавје, додека до ноември 2025 година ги отворила сите 33 поглавја. Во мај 2026 година земјата станала и првата кандидатка што го исполнила стандардот ИБАР според новата методологија за проширување на ЕУ.
На 14 јули Албанија влегува во финалната фаза од преговорите со привремено затворање на поглавјата за наука и истражување, образование и култура и надворешни односи.
„Овие клучни моменти се резултат на напорна работа, постојана институционална посветеност, решителност и непоколеблива политичка волја“, напиша Хоџа на платформата Икс.
Официјалната потврда за привременото затворање на првите три поглавја се очекува на Меѓувладината конференција меѓу Албанија и ЕУ во Брисел.
