| |

ДАЛИ ДИМО ПЕТКОСКИ БЕШЕ ВО ПРАВО ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ?!

Пред речиси 4 месеци секретарот на политичката партија Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Димо Петкоски напиша дека во Македонија нема услови за одржување на референдум и фер избори. Како основна причина за тоа Петкоски го наведе непрочистениот Избирачки список и отсуството на волја за професионализацијата на највисокото изборно тело- Државната изборна комисија. Денеска се уште постојат оправдани сомнежи за тоа дали навистина во Македонија има 1 милион и 800 илјади граѓани со право на глас, а ДИК е далеку од тело составено од професионалци. Во продолжение можете да го прочитате ставот на Димо Петкоски секретар на Граѓанско Демократска Унија, објавен на официјалната facebook страна на партијата:

„Трибуна“ прашува: Дали секретарот на ГДУ, Димо Петковски не беше во право кога предупредуваше за референдумот и дали конечно Избирачкиот список ќе биде конечно прочистен? За ДИК не прашуваме, бидејќи знаеме дека таа институција ќе си остане тело составено од партиски војници и нема да се доближи ни на милиметар до професионализацијата.



Слични Објави