„СТАР СОВРЕМЕН ГРАД“ – ПРОШЕТКА НИЗ УМЕТНОСТА
Вечер во 20 часот во Сули ан ќе се одржи завршната презентација на проектот „Стар современ град/Old town contemporary“, чиј идеен и концептуален автор е младиот уметник Матеа Дрецкин …
Концептот предвидува вдахнување современ дух во историската градба на Сули ан, едно од обележјата на градот во срцето на Старата чаршија. Интерактивната поставка на просторни инсталации кои се дела на младите уметници Ивана Мојсовска, Борис Ристевски и Сермедије Бериша, има цел на публиката да ѝ овозможи уникатно визуелно искуство.
Проектот се реализира со поддршка од Министерството за култура и од Град Скопје.
