| |

ВО ШТИП СТРУМИЦА И КРАТОВО ФЗОМ БАРА АЛБАНЦИ ЗА РАКОВОДИТЕЛИ НА ПОДРАЧНИ СЛУЖБИ

Во градовите Штип, Струмица и Кратово, Фондот за здравство на Република Македонија бара да вработи раководители на подрачни служби. Во огласот објавен од Агенцијата за администрација е наведено дека раководителите мора да бидат Албанци/ки. Според пописот од 2002 г. во овие градови, како Албанци се изјасниле вкупно 15 луѓе ( Струмица 3-ца, Штип 12, а во Кратово 0). Се поставува прашањето што ако локалните жители од Струмица и Штип кои се изјасниле како такви не одговорат на наведените услови, за да ја добијат позицијата, ќе бидат ли вработени само затоа што се припадници на таа етничка заедница или на функциите ќе бидат поставени луѓе од други градови на Македонија. Истото се разбира важи и за Кратово, каде што ќе биде задолжително да се досели Албанец/ка од друго место. Ако целта на овие вработувања е локалните луѓе да почнат да се изјаснуваат како Албанци, тогаш авторите на овој интересен „мултиетнички“ оглас, не треба да имаат дилема дека, за наведената плата од речиси 32 илјади денари, ќе се најдат доволен број кандидати. Целиот оглас можете да го погледнете овде .

Слични Објави