| | |

Поранешен амбасадор на Бугарија во Тирана и Приштина: Не е реално спорот меѓу Софија и Скопје да се реши до 14 декември

„Не е реално спорот меѓу Бугарија и РС Македонија да се реши до 14 декември. Роковите се прекратки“, изјави поранешниот бугарски амбасадор во Тирана и Приштина Боби Бобев во емисијата „Офанзива“ на бугарската телевизија Нова Тв.

Според него, Албанија и Македонија се поврзани како земји кандидати за членство во ЕУ. „Никој никаде не ја сфатил сериозно поделбата на овие земји“, вели Бобев.

„Во интерес на Русија е да има замрзнати и нерешени прашања на Балканот, бидејќи само така јасно може да се слушне нејзиниот глас. Ја поддржува Србија во конфликтот со Косово и во ваквите случаи гледа можност да одигра одлучувачка улога“, објасни дипломатот.

Повеќе во видеото што следи:

Слични Објави