(Видео) Денков: Измените во Уставот на РСМ не се за Бугарија, туку за ЕУ
РС Македонија мора да спроведе реформи и да ги исполни своите обврски. Тоа не се обврски кон Бугарија, туку кон Европската Унија. Ова преку агенцијата БГНЕС го порача бугарскиот премиер академик Николај Денков.
Премиерот потсети дека пред две недели бил во Тирана на состанок во формат на Берлинскиот процес: „Ова е европски процес, со кој се трудиме што подобро да ги интегрираме земјите од Западен Балкан, кои не се членки на ЕУ“, рече Денков во одговор на прашањето на БГНЕС која е неговата порака до РСМ.
„Сите се согласивме дека земјите треба што побрзо да тргнат кон европските правила, да ги започнат преговорите, но тоа може да се случи кога и тие ќе направат соодветни напори и реформи, што во случајот на Република Македонија значи исполнување на нејзината обврска од 2022 година. Ова не е заложба за Бугарија, како што се обидуваат да ја претстават некои политичари од РСМ, тоа е заложба на РСМ кон ЕУ“, нагласи премиерот академик Денков.
Фото: БГНЕС