Бугарски инженер од британска организација помага во потрагата по исчезнати под урнатините во Турција
Британска волонтерска организација испраќа помош за настраданите од земјотресот во Турција. Еден од експертите е Бугаринот Филип Кирацов, градежен инженер кој живее во Лондон.
„Штетата нема да биде проценета додека не заврши операцијата за пребарување и спасување. Ќе продолжи уште 2 недели додека има шанса да се најдат живи луѓе. Веќе имаме екипа од 8 лица на терен, кои вчера успеале да извлечат мајка и ќерка од под урната зграда од 6 ката. Денеска за Турција ќе летаат уште 10 луѓе. Јас и уште еден инженер веројатно ќе помогнеме со техничка експертиза на АКУТ – турската организација за пребарување и спасување“, објасни тој.
Според него, организацијата располага со опрема која овозможува да се пронајдат живите луѓе под урнатините, како и да се расчисти патот до нив, а потоа да се вклучат и болничари за реанимација. „Ќе направиме камп со спиење и храна од наши средства, од Турција ќе земеме само гориво. Од Лондон со авион ќе одиме до Истанбул, а потоа ќе не транспортираат до Адана и Кахранмараш“, објасни Кирацов.
