ШЕФШАУЕН- СИНИОТ ГРАД ВО МАРОКО

Дали некогаш сте сонувале да го посетите Мароко? Само на два часа возење од Тангер се наоѓа извонреден град во сина боја.

Скоро сите градби во Шефшауен се украсени во сино, што на градот му дава неверојатна атмосфера. Сините ѕидови се дефинитивно заштитниот знак на овој град и со нив ги привлекува сите посетители.

Некои луѓе веруваат дека најраните Евреи во Шефшауен го вовеле овој обичај да ги обојат ѕидови во сина боја поради религијата и културата. Многу локалци велат дека сините обоени ѕидови биле пронајдени само во еврејски дел, додека остатокот од градот бил претходно обоен во бело. Други веруваат дека сината боја го претставува Рас ел Ма водопадот од кој граѓаните добиваат вода за пиење.

Шефшауен е се повеќе популарна светска туристичка дестинација. Погледнете ја галеријата од восхитувачкиот град:



Слични Објави