| |

ГДУ-КУМАНОВО: НЕКОЈ МОРА ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА ДЕЦАТА ВО ГАРНИЗОН

„На фотографиите кои кружат по интернет сајтовите, јасно се гледа објектот Гарнизон каде што „престојуваат“ деца, кои за жал веројатно се заборавени од системот. Ова не смее на никому да се случи, посебно не на деца! Прашуваме дали постои било каква инспекција или одговорна институцуја која може/ мора да се погрижи за овој проблем?! Се поставува прашањето дали овие деца воопшто имаат свој дом или возрасни лица/ родители, старатели, кои би требало да се грижат за нив? Нема да навлегуваме со прашањата за нивната здравствена состојба или како преживуваат! Апелираме одговорните институции да излезат на терен и итно да го испитаат случајот!

Сакаме да потсетиме на нашиот апел од 13 јули до локалната власт , да се преземе иницијатива за чистење на Гарнизон. Властите во градот до ден денес останаа глуви на нашите барања. Ситуацијата во овој објект станува се поалармантна, а објектот се наоѓа на само 1 минута од плоштадот кој се чисти скоро секојдневно.

ГДУ-Куманово бара одговорност од надлежните институции кои се задолжени за одржување на хигиената во градот ЈП „Чистота и зеленило” Куманово , како и од градоначалникот лично.

До кога ке се премолчува за овие проблеми? Дојде животот нели?“- напишаа на својата официјална Facebook страна, ГДУ- Куманово.

Слични Објави