БОКИ 13 СЕ ЗАКАНИ ДЕКА ЌЕ СВЕДОЧИ ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ И ПОМАГАЧИТЕ ВО „РЕКЕТ“
„Ќе сведочам за организаторите и помагачите на овој настан и ќе поднесам кривични пријави. Камерите од куќата на моите родители ќе докаже кој заминува со торбата и каде, рече обвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.
Боки 13 изјави пред судскиот состав дека колку ја познавал Катица Јанева, толку ја познавал и Вилма Русковска.
„Јанева беше чест гостин во 1 ТВ, поради транспарентноста. Колку сум седел во ресторан со Јанева сум седел и со Русковска, рече Јовановски.
Тој рече дека вистината за овој случај ќе излезе на виделина.

