| |

НА ИНФЕКТИВНИТЕ КЛИНИКИ НИЗ ЗЕМЈАВА СЕ ЛЕКУВААТ ВКУПНО 579 ПАЦИЕНТИ

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 579 и има 461 празен болнички кревет во ковид центрите.

Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 349 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 18 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 230 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 9 пациенти со симптоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК се хоспитализирани две пациентки.

Вкупно 230 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во главниот град изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.



Слични Објави