| |

СТОЛЕ ВЕЛКОВ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО МАКЕДОНСКО-БУГАРСКО ПРИЈАТЕЛСТВО

Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“, избра ново раководство на последното генерално собрание на организацијата. Со едногласна одлука на присутните за нов претседател на Здружението е избран Столе Велков од Кочани. Велков е дипломиран политолог на Софискиот универзитет во Бугарија. Новиот претседател на МБП е член на Здружението од самото негово создавање, а исто така бил дел и од неговиот Управувачки одбор. Во својот говор по изборот за нов претседател на МБП, Велков се заблагодарил за укажаната доверба и истакнал дека ќе продолжи да работи за зближување на двете најблиски држави на Балканот- Македонија и Бугарија.

Слични Објави