НА ПОВИДОК НОВИ ВРАБОТУВАЊА ЗА КАДРИТЕ НА ДУИ: ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ СЛЕДИ ЗА УПОТРЕБАТА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК
На денешната седница Владата го утврди Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците и донесе одлука да биде пуштен во постапка за усвојување во Собранието.
Инспекторат за употреба на јазиците ќе врши надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците во Република Македонија, кој треба да ја гарантира рамноправноста, еднаквоста и непристрасноста при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.
Новиот орган ќе биде во составот на Министерството за правда, а во законот се регулирани организациската поставеност на инспекторатот, како и условите кои треба да се исполнат за избор на Директорот и инспекторите во рамките на инспекторатот.