ХАН: БЛИСКУ СТЕ ЗА ДА НАПРАВИТЕ ГОЛЕМ ЧЕКОР ВО ОКТОМВРИ

//

Блиску сте за да направите голем чекор во октомври, еврокомесарот Хан ја истакна надежта дека во октомври Македонија ќе ги започне преговори за членство во ЕУ.

Жали за јуни бидејќи земјата испорача се што се бараше од неа, но неопхоно е да се спроведат реформите, рече Хан. Корупцијата и оранизираниор криминал се главните точки на кои треба да биде фокусирана владата.

Еврокомесарот беше дециден веднаш да се преземат чекори и да се обезбеди независно обинителство.

Сите политички партии треба да покажат отвореност за соработка и да бидат фокусирани на октомври и добивањето на датум за почеток на преговори.

Освен со Заев, комесарот за соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, денеска во Скопје ќе има средби и со претседателот Стево Пендаровски и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

Еврокомесарот Хан е искрен поддржувач за нашето членство во ЕУ, рече по средбата премиерот Заев.

Посветената работа на еврокомесарот Хан на Запаниот Балкан даде големи резултати, ние сме земја блиска на ЕУ. Очекуваме пријателството да продолжи, тој останува нашиот линк во процесот на евроинтеграциите на Македонија, рече Заев.



„Во октомври очекуваме ЕУ да си го оджи зборот и Македонија да започне да ги отвора поглавјата за членство во ЕУ“, истакна премиерот.

Тој рече дека носењето на новиот закон за Јавно обвинителство, е придонес кон влеењето на правото во државата.

Никој не е привилегиран, никој нема да биде амнестиран, порача Заев.

Тој заврши со зборовите Македонија се докажа и покажа како земја во која владее правото.

Извор: Телма

Претходна статија

НА ПОВИДОК НОВИ ВРАБОТУВАЊА ЗА КАДРИТЕ НА ДУИ: ИНСПЕКТОРАТ ЌЕ СЛЕДИ ЗА УПОТРЕБАТА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК

Следна статија

ХАН: СУДСКИОТ СИСТЕМ МОРА ДА РАБОТИ СПОРЕД ПРАВИЛАТА

Најново од Вести