П.КОЛЕВ: ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ШТИТИТЕ ХОХШТАПЛЕРИТЕ, ПРЕДАВНИЦИТЕ И КРИМИНАЛЦИТЕ
„Да се штити криминалот, без разлика дали е од сегашната или претходната власт почитувани, не е лојалност кон партијата која ве сместила на удобна работа, кон ликот и делото на пастирот или пак висок чин на патриотизам или државотворност. Тоа е класичен пример на предавство и тоа она најлошото, предавство кон сопствените деца.
Штитејќи ги тие лоши пракси кои „царуваат” во нашата држава, вие „почитувани” партиски јуришници, го оправдувате немањето на градинки, нормални училишта, болници, патишта, социјална грижа, субвенции итн.
Тие пари кои ги краде некој од буџетот не се на соседите, наши се и ги даваме во буџетот на државата за да изградиме нормални државни институции и установи, а не некој да мести тендери и да бара „кусур” од фирмите, бидејќи кусурот е за сметка или на цената или на квалитетот на изведбата.
Вие, кои го штитите ова, осознавајќи или не, ги осудувате и вашите но и нашите деца да живеат во вакви мизерни општествени услови, иако светот се промени, и тие место да го трпат тоа, масовно се иселуваат. Тоа е вистината! Луѓе кои посегнале по општествените средства не се ниту патриоти ниту државници почитувани, тие едноставно се хохштаплери, предавници и криминалци и со ова компромис нема, напиша претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, Петар Колев на својата официјална facebook страна.