| |

ЗАСЕГА НЕМА ПОТРЕБА ОД НОВИ РЕСТРИКЦИИ, В ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДУВА СОСТОЈБАТА

В понеделник ќе се прави проценка дали има потреба од нови рестрикции кои би значеле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратување на работата на угостителските објекти, но засега не се размислува за дополнителни рестриктивни мерки.

Проценката на Комисијата за заразни болести засега е дека викендот и на почетокот на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час што беше воведен пред десетина дена.

Заклучокот и ставот е дека на почетокот на следната недела ќе прават нова проценка.

-Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции, но во секојдневна консултација и со тимот што ги координира приемите во болничките капацитети, секако и членовите на Комисијата за заразни болести, засега сметаме дека дополнителни рестрикции не се потребни, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Забрана за движење на населението во временски период од 22 до 5 часот наутро беше воведена на 10 март, а истата треба да заврши на 22 март.



Слични Објави