|

Комисијата за спречување корупција ќе продолжи да го следи случајот со Иљази, обвинета е за случувањата со договорците на токсикологија

По иницијатива на Државната комисија за спречување на корупција, ОЈО Скопје отпочна постапка против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија, за злоупотреба на службена положба, Бесија Иљази.

Државната комисија за спречување на корупцијата извести дека Основното јавно обвинителство, по поднесената иницијатива од страна на ДКСК за кривично гонење, ја прифати иницијативата, оформи предмет и отпочна постапка по обвинителен предлог против Иљази.

„Согласно Обвинителниот предлог, обвинетата е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата, согласно член 353 став 1 од Кривичниот законик. Директорката, во текот на мај 2024 година, во својство на Организациски директор на Клиниката, со здравствените работници потпишала договори за дело спротивно на Законот за здравствена заштита, со кои дејствија ги пречекорила своите службени овластувања и прибавила противправна имотна корист за наведените лица, а со тоа го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија. Овој чекор претставува потврда на заложбите на ДКСК за борба против корупцијата и утврдување на одговорноста на сите лица кои се инволвирани во прекршување на законите“, информимраа од ДКСК.

Комисијата ќе продолжи да го следи развојот на овој случај и јавноста ќе биде информирана за сите значајни информации.

ДКСК апелира до сите институции и граѓани да соработуваат во откривањето и спречувањето на корупцијата, за заедно да создадеме праведна иднина.

Слични Објави