НЕЗАВИСЕН: БРАЌАТА АСАНИ НЕ БИЛЕ ОСЛОБОДЕНИ- МЕСТО ДОЖИВОТЕН, 20 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ТРОЈНОТО УБИСТВО НА ДЕЦАТА ВО ЧАИР

//

Браќата Наим (35) и Рамиз (40) Асани од Арачиново, кои го извршија тројното убиство во интернет – кафуле „21“ во Чаир во 2006 година, не се ослободени од извршувањето на казната доживотен затвор, туку одредена им е нова пресуда со која зад решетките треба да минат 20 години, потврдуваат од Кривичниот суд за „Независен весник“. На двајцата осудени им е продолжена мерката притвор до правосилноста на пресудата.

„Станува збор за предмет кој по втор пат се води пред овој суд, со оглед дека Европскиот суд за човекови права во претходната постапка утврди повреди, а Кривичниот совет го усвои барањето за повторување на постапката, оформи нов предмет, за кој вчера беше донесена првостепена пресуда“, јавува „Независен весник“.

Убиството што ја потресе јавноста и предизвика масовни протести низ Скопје, се случи пред 13 години кога браќата Асани ги усмртија браќата Енис (17) и Етин (13) Исмаили и Ибиши Реметула (20). Трите момчиња настрадаа само затоа што се најдоа на погрешно место во погрешно време, односно при пресметка на две банди.

Според полицијата, станувало збор за крвна одмазда поради убиството на Агим Асани од Арачиново. Уште шест лица беа повредени во неконтролираното пукање.



Браќата Наим и Рамиз беа уапсени по едногодишно бегство. Првично беа осудени на доживотен затвор. Пресудата „падна“, а на новото судење им е одредена казна од 20 години затвор. Тие имаат право да се жалат на пресудата.

Извор: Независен весник

Претходна статија

СДК: СТРУЖАНИ ПО ПОЖАРОТ ПОБАРАА ПОМОШ ОД ДАНСКА КОЈА ПРАВИ ЕДРИЛИЦИ НА КОИ СО ДЕЦЕНИИ СЕ ОБУЧУВАА МАКЕДОНСКИТЕ ЕДРИЛИЧАРИ

Следна статија

ПОПОВСКА: ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА КУПУВА КОЛИ СО ПАРИ ЗА ЛАБОРАТОРИЈА?

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да