ВО БУГАРИЈА ПРЕТСТАВЕНА КНИГАТА „ПРЕОБРАЖЕНИЈА“ ОД ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

/

ФОТО: Слободен печат

Презентација на книгата „Преображенија“, со поетски дела на македонскиот писател Владимир Мартиновски, се одржа вчера во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, јави дописникот на МИА од Софија, пренесува Слободен печат.

Преведувач на книгата е бугарскиот поет Роман Кисов, кој исто така, го направи и изборот на содржината на книгата.

– Македонската поезија е прекрасна и отсекогаш сакав да покажувам какви културни процеси се случуваат во оваа блиска на Бугарија земја, рече Роман Кисов.

Освен пред публиката на Културно-информативниот центар во Софија книгата „Преображенија“ ќе биде претставена на 12 мај, во рамки на Европската ноќ на литературата, што по десетти пат се организирана од странски културни центри и амбасади во Бугарија.



Книгата беше презентирана од директорот на КИЦ во Софија Сашко Насев пред насобраната публика и специјалниот пратеник на македонската влада за односи со Бугарија Владо Бучковски.

На презентацијата присуствуваше и делегација од Министерството за култура на Северна Македонија.

Претходна статија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ГОСТИВАР – КИЧЕВО, ВО БЛИЗИНА НА АСФАЛТНА БАЗА

Следна статија

ВЧЕРА ВО ЗЕМЈАВА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 14.976 ГРАЃАНИ

Најново од Вести