Одбележуваме 80 години од смртта на легендарниот војвода од скопско Црешево Величко Велјанов-Чичето
Одбележуваме 80 години од смртта на славниот скопски војвода Величко Велјанов-Чичето. Чичето е легендарен војвода на ВМОРО/ВМРО и е водач на групата што го убива бугарскиот премиер Александар Стамболијски, заради неговите политички одлуки, кои не биле во интерес на македонските Бугари и воопшто на Организацијата.
Величко Велјанов е роден во 1874 година во скопското село Црешево, тогаш во Османската империја. Во 1899 година влегува во редовите на ВМОРО. Велјанов како долгогодишен скопски околиски војвода води напорна борба со српската вооружена пропаганда во Македонија.
За време на Балканската војна во 1912 година, доброволно се пријавил во Македонско-одринското ополчение, во четвртата чета на 5. одрински полк на Бугарската армиja. По Првата светска војна, Велјанов е уапсен од српските власти и е затворен во скопскиот затвор, но успева да избега и се вклучува во обновата на ВМРО. Во српските затвори умираат татко му и неговите две малолетни деца.
Од 1922 до 1934 година повторно е скопски окружен војвода. Величко Велјанов ја води групата, што го убива бугарскиот премиер Александар Стамболиски во 1923 година. По убиството на Александар Протоѓеров во 1928 година, застанува на страната на Иван Михајлов.
По ослободувањето на Вардарскиот дел на Македонија од српска окупација се преселува во Скопје каде и умира на 18 септември 1943 г.
Последниот водач на ВМРО Иван Михајлов вели за него:
Иако целосно неписмен човек, Величко беше интересен со некои сосема оригинални негови одлики. Правеше впечаток со едрата своја фигура и сосема тивкиот глас.
