Научничка од Крагуевац одржа предавања за „српското црковно и архитектонско минато“ во Северна Македонија
Српскиот културно-информативен центар „Спона“ во текот на изминатата недела организираше серија предавања доц. д-р Јасмина Чириќ, доцент на Факултетот за филологија и уметности при Универзитетот во Крагуевац во Скопје, Куманово, Гевгелија и Јосифово, јавува БГНЕС.
Во рамки на предавањата, Јасмина Чириќ стави акцент на „српското црковно и архитектонско минато“ во денешна Северна Македонија, која научници во Србија ја нарекуваат „Стара Србија“. Таа ја оцени како „клучна улогата на кралот Стефан Урош II Милутин за развојот на српската средновековна архитектура, како и влијанието на византиските модели и нивната адаптација во денешна Северна Македонија“.
Во Скопје, Чириќ говореше за „српското наследство во црквата „Св. Никола“ во Љуботен“, која ја определи како донаторски објект на господарката Даница, додека во Куманово се фокусираше на „српската петкуполна архитектонска концепција во даренијата на цар Милутин“.
До овој момент нема никаква реакција ниту од страна на Светиот синод на Македонската православна црква, ниту од официјалните власти во Скопје.
Во изминатите три години во Северна Македонија се одржуваат десетици официјални настани и церемонии на кои се одбележува ослободувањето на „Стара Србија“ /денешна Северна Македонија, заб.ред./ од страна на српската армија. На нив учествуваат државни претставници од Белград, но и официјални лица од Скопје. На овие настани се изведува српската химна и се истакнуваат српските државни знамиња и грбови, пишува БГНЕС.
Српскиот културно-информативен центар „Спона“ официјално се води како организација чија цел е „зачувување, развој и промоција на српската култура, јазик и духовно наследство во Северна Македонија“. Таа е директно поврзана со властите во Белград, со Српската православна црква и со поддржувачите на „Српски свет“ – новиот термин за проектот „Голема Србија“.

