ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ГОСТИВАР – КИЧЕВО, ВО БЛИЗИНА НА АСФАЛТНА БАЗА

/

На 10.05.2021 во 19.15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на асфалтна база, се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.И.(24) од Гостивар и патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(53) од Скопје. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гостивар.



Претходна статија

(ВИДЕО) НАПАДИТЕ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС ПРОДОЛЖИЈА И УТРОВО – ГОРАТ ГРАДОВИ, ЖРТВИ НА ДВЕТЕ СТРАНИ

Следна статија

ВО БУГАРИЈА ПРЕТСТАВЕНА КНИГАТА „ПРЕОБРАЖЕНИЈА“ ОД ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

Најново од Вести