(ВИДЕО) НАПАДИТЕ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ХАМАС ПРОДОЛЖИЈА И УТРОВО – ГОРАТ ГРАДОВИ, ЖРТВИ НА ДВЕТЕ СТРАНИ

/

Палестинските сили испалиле стотина ракети на Израел, кој, пак извршил силни воздушни напади на појасот Газа. Жртви има на двете страни.

Нападите се продолжени и денеска, а најмалку 35 се убиени во Газа и пет во Израел.

Палестинските сили потврдиле дека испалиле стотини проектили на Тел Авив откако бил извршен израелски напад во појасот Газа, а израелската војска соопштила дека гаѓа милитанти во Газа, како одговор на ракетните напади во Ерусалим и други области, пренесува Ројтерс.

Во Газа е срушена една повеќекатница, додека друга е тешко оштетена. Израел соопшти дека нивните авиони утрово гаѓале војни цели во Хамас.



Претходна статија

ВЕЧЕРВА БЕЗ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, УТРЕ ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ОД ПОЛНОЌ ДО 4 ЧАСОТ НАУТРО

Следна статија

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА МАГИСТРАЛНИОТ ПАТ ГОСТИВАР – КИЧЕВО, ВО БЛИЗИНА НА АСФАЛТНА БАЗА

Најново од Вести