ВЧЕРА ВО ЗЕМЈАВА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 14.976 ГРАЃАНИ

/

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793 граѓани – соопшти претпладнево Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани – се посочува во денешното соопштение.

Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација – тврдат здравствените власти.



МЗ информира дека се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.
аМасовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Претходна статија

ВО БУГАРИЈА ПРЕТСТАВЕНА КНИГАТА „ПРЕОБРАЖЕНИЈА“ ОД ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ ВЛАДИМИР МАРТИНОВСКИ

Следна статија

СДСМ: СО БЛОКАДАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АРМИЈАТА ВМРО-ДПМНЕ НАНЕСУВА ДИРЕКТНА ШТЕТА НА ГРАЃАНИТЕ

Најново од Вести