|

Каква хуманост и солидарност: Маркет среде село Будинарци не наплаќа на пожарникарите и војниците, можат да земат што сакаат и колку сакаат

Маркет во селото Будинарци, Берово, кој два дена е во опасност од пожар и кој будно се чува од страна на пожарникарите и војниците, ја покажа својата хуманост и солидарност на дело. Сопствениците на овој маркет одлучиле да не наплаќаат на пожарникарите, војниците, но и сите оние кои учествуваат во гаснењето на пожарот кој се заканува на нивното село. Оваа информација ја откри новинарот на ТВ24 Сунаи Сабриоски кој неколку дена известува за пожарите од терен.

-Има еден маркет таму сред село Будинарци, сопствениците и вработените заслужуваат орден за хуманост во целиот тој хаос настанат од пожарот, во сред криза плус и пандемија, на војниците, пожарникарите и сите кои што беа на помош за спас на селото одлучија да не наплаќаат ами да ги полнат ќесите со храна и се останато што имаа во маркетот. Како влегов не знаев како да излезам, ќесите ги наполнаа, вадиш пари и ти вика немој нема потреба земи што ти душа сака само да помине ова и да ни дојдете пак ама за убај работи. ВИЕ УШТЕ СТЕ ПО ОДМОРИ И ЛЕЖИТЕ ПО ПЛАЖИ БЕЗРБЕТНИЦИ!?

П.С. Во целиот тој хаос не успеав да го запаметам маркетот ако ги знаете сопствениците сторите абер за контакт, напиша новинарот на својот ФБ профил.

Извор: zoom.mk

Слични Објави