| |

Теодосиј Спасов и Влатко Стефановски со заеднички концерти во Варна, Софија и Пловдив

Маестро Теодосиј Спасов и нашиот врвен гитарист Влатко Стефановски ќе ја почестат публиката во Варна, Софија и Пловдив со концерти што ќе се одржат на 8, 9 и 10 август годинава.

Концертот во Варна ќе се одржи утре во Летниот театар, а во него освен врвните мајстори на кавалот и гитарата, ќе учествуваат бугарскиот музичар Стојан Ројанов-Јаја со неговата група „Арт денс“ и огненото шоу „Паљачи“.

Концертот-спектакл на Спасов и Стефановски е насловен „Братимене“ и е најава за настан, чиј почеток ќе стане реалност следната година. Спасов во изјава за БТА вели дека идејата е Варна да стане домаќин на нов етно-џез фестивал од меѓународен карактер.

Спасов вели дека името на концертот „Братимене“ е збор што му бил подарен од големиот бугарски поет Борис Христов и е метафора за единство и партнерство.

Слични Објави