|

FACEBOOK ЕКСПЕРТИТЕ ТРЕБА ДА СИ НАЈДАТ НОВА ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ- ТЕЛЕКОМ ЈАВИ ДЕКА НЕ Е АКТИВИРАНА 5G МРЕЖА ВО ЗЕМЈАТА

„Македонски телеком“ денеска преку соопштение ги демантираше информациите дека е активирана 5G мрежа во земјава.

„Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски Телеком ја активира тестната 5G мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на граѓаните. Без докази и факти  преку споделување лажни вести и стари медиумски написи од 2018 и 2019 година во погрешен контекст, се креира невистинита и негативна кампања за 5G мрежата и се шири непотребна паника во услови кога треба да останеме смирени. Македонски Телеком најодговорно тврди дека нема 5G мрежа во употреба. Надлежните институции немаат спроведено ниту постапка за доделување фреквенции за 5G“, се нагласува во соопштението.



Слични Објави