| |

Ансамблот „Пирин“ ќе го претстави новиот музичко-танцов спектакл на 10 и 11 декември во Благоевград

Ансамблот „Пирин“ од Благоевград, Бугарија, ќе го изведе својот нов музичко-танцов спектакл „Пирин – сеќавање, корен, дом“ на 10 и 11 декември, со почеток во 19 часот, во салата „Јаворов“ во Благоевград, соопшти ансамблот на својата фејсбук-страница.

Според најавата, спектаклот ја претставува планината Пирин како мајка-заштитничка, поврзувајќи ја болката по изгубениот дом со надежта за нов почеток.

Во средиштето на приказната, како што наведува ансамблот, е судбината на Бугарите што ги напуштиле родните места во Вардарска и Егејска Македонија, како и песните, танците, традициите и сеќавањата што се пренесуваат низ генерациите.

„Приказна за корените и припадноста. За силата да се зачуваш себеси. За домот што понекогаш го губиш и домот што повторно го пронаоѓаш“, се наведува во објавата.

Билетите за двете претстави се во продажба на билетарницата на ансамблот „Пирин“.

Слични Објави