|

Чадиковски избран за претседател на Здружението на новинари на Македонија

Здружението на новинари на Македонија и во наредните 4 години ќе го води Младен Чадиковски.

Чадиковски на изборното Собрание што се одржа денеска во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, доби најмногу гласови од тројцата кандидати.

За него гласаа 275 медиумски работници, вториот кандидат Марјан Николовски освои 119  гласови, третиот Фиљана Кока 53 . На Чадиковски ова му е втор мандат на чело на ЗНМ.

Претходно кандидатите ги изложија своите програми, осврнувајќи се на главните цели, посочувајќи ги подобрувањето на статусот, стандардот и безбедноста на новинарите и медиумските работници како приоритет.



Слични Објави