| |

Шпанскиот амбасадор во Скопје: РСМ ќе се блокира на патот кон ЕУ без уставните измени

Европската унија нема да ја прими Северна Македонија доколку не ги направите уставните измени. Ќе го изгубите моментумот што постои во однос на проширувањето. Ова го изјави шпанскиот амбасадор во земјава Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија во интервју за Канал 5, пренесува БГНЕС.

Според него, без уставните измени земјата ќе се блокира во преговарачкиот процес.

„Целиот процес на пристапување во ЕУ ќе биде блокиран доколку не се завршат уставните измени. Европската унија нема да замине, земјите-членки ќе останат тука, но процесот нема да продолжи – важно е да се знае тоа“, категоричен е Гарсија.

„Излезот од ситуацијата е суверена одлука и истовремено искористување на моментумот“, ја резимира тој политичката ситуација.

Слични Објави