ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР СЕ ДОДАВА ВО ПРЕАМБУЛАТА- ПРОМЕНИ ВО ДЕЛОТ НА АСНОМ

Вести Истакнато Македонија

Преамбулата на Уставот со новите нацрт амандмани ќе претрпи измена во делот на АСНОМ и со тоа што во неа ќе биде впишан  Охридскиот рамковен договор кој и онака е веќе конституционален дел  во општеството. Во делот за АСНОМ  кој најмногу ги привлече емоциите на јавноста , и кој во постојната преамбула се повикува на одлуките, со измените  наместо да се повикува на одлуките, ќе се повикува на прогласот на АСНОМ. Ова отворање на Уставот нема да ги вгради барањата на опозиционите партии на Албанците  алијанса на Села и Беса на Касами кои се залагаа за издигнување на албанскиот на ниво на втор службен јазик,  а процентната застапеност на Албанците да биде заменета со албански народ.