| |

KРИВИЧНА ПРОТИВ ПОРАНЕШНИОТ ШТИПСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК – ГО ОШТЕТИЛ БУЏЕТОТ ЗА 25,9 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против И.З. поранешен градоначалник на општина Штип и И.И директор на ЈП Стипионза за „злоупотреба на службената полиожба и овластувања”,а против лицето Р. Г управител и сопственик на фирмата „Коле транс” Штип е поднесена пријава за „перење пари“.

На штипската фирма „Коле Транс“ и било овозможено бесправно користење на песокот од коритото на реката Брегалница со што државниот буџет е оштетен за 25,9 милиони денари.

Во појаснувањето на Финансиската полиција се вели дека И.З без објавен повик за јавна набавка за чистење на коритото на реката Брегалница, на предлог на Советот на општината, иако знаел дека ЈП „Стипион 2011“ нема капацитети за вадење песок, донел одлука за сметка на општината како корисник на дозволата, јавното претпријатие да изврши регулација и уредување на речното корито кај село Софилари, а неискористениот речен материјал да го искористи за редовно и зимско одржување на локалните патишта и улици.

Оттаму информираат дека, И.И. знаејќи дека јавното претпријатие не е надлежно за тој вид услуги, ниту, пак, има капацитет со механизација да ја изврши услугата и наместо да распише јавна набавка, со непосредна спогодба ги исклучил останатите економски оператори и склучил Меморандум за соработка со кој на пријавениот Р.Г. му овозможил бесправно да искористи 42.814,57 метри кубни песок од коритото на Брегалница по пазарна цена од 600 денари за тон во вкупна вредност од 25.941.348 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на Република Македонија.

Р.Г. со намера да го прикрие потеклото на противправно стекнатите пари прибавени со казниво дело, ги инвестирал во купување удел во Друштво за хотелиерство, туризам и угостителство ПЕЛА ГРУП ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со што го сторил кривичното дело „перење на пари и други приноси од казниво дело“



Слични Објави