СКОПЈАНЕЦ ИЗБОДЕН ОД СОСЕДИТЕ ПРЕНЕСЕН ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

„Вчера околу 9:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен Б.Д.(44) од Скопје со убодни рани во пределот на грбот. Според пријавеното, повредите му биле нанесени во дворот од неговата куќа на ул.„376“, од соседите Б.М. и А.Н., и двајцата од Скопје, по меѓусебна вербална расправија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.