СЕ ПОИЗВЕСНА КОАЛИЦИЈАТА АЛИЈАНСА-АЛТЕРНАТИВА

Процесот на меѓупартиски разговори за финализирање на коалицијата се` уште не е завршен, но според партиски извори, најверојатно Беса ќе остане надвор од тој фронт.

Се` поизвесно е дека нема да се создаде тројна  коалиција која на  изборите ќе се обиде да ја прекине дводецениската доминација на ДУИ во власта. Иако продолжуваат разговорите на Алијанса за Албанците со Беса и Алтернатива, разликите меѓу последниве две партии навестуваат дека тројната коалиција ќе заврши како двојна. Процесот на меѓупартиски разговори за финализирање на коалицијата се` уште не е завршен целосно, но според партиски извори, најверојатно Беса ќе остане надвор од тој фронт, пишува Deutsche Welle.

Од ДУИ ги следат јавните пораки од типот „сите против еден“, особено обвинувањата за тоа кој бил, или кој е дел од ДУИ. По една таква епизода, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, неодамна од собир во Сарај порача дека сите биле дел од ДУИ и ги повика да и` се приклучат на неговата партија, која ја нарече „големата мајка“.

Целиот напис прочитајте го овде.