РУСИТЕ ОЧЕКУВААТ НОВАТА ВЛАДА ДА БИДЕ ПОЕФИКАСНА
Русите се надеваат на подобро од најавената нова влада, откако рускиот премиер Дмитри Медведев ја објави оставката на неговиот кабинет. Одлуката беше објавена откако претседателот Владимир Путин имаше обраќање во Федералното собрание.
Обраќањето на кое вообичаено Путин ги поставува целите и задачите за земјата, е своевидно упатство за владата и парламентот, јавува Радио Слободна Европа.
Путин овојпат ја изложи идејата за проширување на надлежностите на Федералното собрание при формирањето на владата и другите тела.
Веднаш потоа Медведев рече дека се повлекува од премиерската функција за да му даде простор на Путин да ги спроведе своите планови.
Руската јавност реагира смирено на оставката од кабинетот и смета дека неопходната оставка на владата е дел од „политичката екологија“ на Русија.
Целиот напис прочитајте го овде.

