Двајца странски државјани фатени со речиси еден милион фалсификат евра на скопскиот аеродром

/

Двајца странски државјани, по потекло од Камерун, се уапсени на скопскиот аеродром со фалсификувани евра, како и со предмети за правење лажни пари. Во нивниот багаж биле пронајдени речиси еден милион фалсификувани евра во рана фаза за изработка.

Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, осомничените по потекло од Камерун, од кои едниот жител на Франција, а другиот на Луксембург, на 4 октомври пристигнале на Меѓународниот аеродром „Скопје“, без да поседуваат валидна документација за влез во земјата и финансиски средства потребни за престој.

При проверка во нивниот багаж било пронајдено поголемо количество предмети за правење лажни пари. Така, првиот осомничен во багажот имал 3.744 парчиња црна хартија исечени со идентична големина како оригинални евра со видлив печат на пари од 50, 100, 200 и 500 евра.

Кај вториот осомничен, пак, биле пронајдени 5.632 парчиња бела хартија исечени со идентична големина како оригинални евра со видлив печат на пари од 50, 100, 200 и 500 евра, како и 78 парчиња хартија без ознака.



Вкупниот износ на фалсификуваните евра во рана фаза за изработка изнесувал 902.150 евра. Кај осомничените биле пронајдени и две шишиња со течност, едното во жолтеникава, а другото во темноцрвена боја, кои се користат за диференцирање на обичната хартија од онаа на која се печатат банкноти, како и една УВ-ламба.

До судот е доставен предлог за определување притвор за двајцата странски државјани.

Извор: Темите

Претходна статија

(ВИДЕО) Советници од листа на Максим Димитриевски купуваат гласови?!

Следна статија

Туск со поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Најново од Вести