БАЧЕВ И ПАЛЕВСКИ ЌЕ ОДАТ ОД ВРАТА ДО ВРАТА ДА АГИТИРААТ ЗА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ
Проруската партија „Единствена Македонија“ на Јанко Бачев ќе го предводи т.н. Кризен штаб за кампањата, што треба да агитира за бојкот на референдумот за Договорот со Грција. Во кампањата под слоганот „Македонија бојкотира“ влегуваат уште Трета партија на Македонците начело со Љупчо Палевски, Христијанско братство, Македониум, Аманет 1903, Тврдокорни, ВМРО-ДПМНЕ-Демократска фракција и други партии и невладини организации.
Бачев изјави дека ова иницијатива има за цел спречувањето на бришењето на македонската нација од светската мапа на нации. Тој повторно се закани дека новата власт која доаѓа ќе расчисти со предавниците. Од Кризниот штаб најавија дека ќе одат од врата на врата да ги убедат луѓето да не излегуваат на референдум.