ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „МОНСТРУМ“
Во Кривичниот суд продолжува судењето за предметот „Монструм“ на СЈО. Денеска ќе продолжи сведочењето на загрозениот сведок, за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година. Претходното рочиште беше прекинато поради замореност на сведокот, кој рече дека си останува на исказот кој го дал на претходната постапка. Тој во судницата препозна тројца од обвинетите. Во декември Врховниот суд ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, по што им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот го презеде СЈО и предметото беше вратен на повторно судење. Обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, се уште не се достапни за судот. Веќе е остварен контакт со косовските власти за нивната екстрадиција.