ВМРО ДПМНЕ : ЗАЕВ ГИ ЛАЖЕ ГРАЃАНИТЕ

//

Единствено кој ја кочи Република Македонија и ја загрозува иднината на граѓаните е власта предводена од Зоран Заев.

Тие зад превезот на штетниот договор со Грција вршат беспоштеден грабеж на државата.

Заев ги лаже македонските граѓани и го гази ветувањето за задолжителен референдум. СДСМ покажа единствено самоволие и непочитување на парламентарната демократија.

Додека власта на Зоран Заев се обидува насила да протурка еден катастрофален капитулантски чин, истовремено спроведува невиден грабеж во државата.

Залудно Зоран Заев го продава името. Залудно Заев потпишува капитулантски договори и прифаќа комисии за менување на историјата.



Во Европа со грабеж и корупција не се влегува!

Заев е исплашен бидејќи знае дека доаѓа крајот на неговото коруптивно владеење. Граѓаните ќе го имаат последниот збор и ќе му кажат на Заев дека Македонија ќе победи!



Претходна статија

МЕМЕ: ОНА КОГА ВЕРУВАШ ДЕКА РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ИМЕТО ЌЕ УСПЕЕ, НО…

Следна статија

БАЧЕВ И ПАЛЕВСКИ ЌЕ ОДАТ ОД ВРАТА ДО ВРАТА ДА АГИТИРААТ ЗА БОЈКОТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ

Најново од Вести