|

ВАРХЕЈИ: ДОГОВОРОТ МЕЃУ СКОПЈЕ И СОФИЈА Е ВАЖЕН ЗА ЕУ

„Договорот за добрососедство и пријателство меѓу Бугарија и Македонија е дел од заклучоците по средбата ЕУ-Западен Балкан. Тој исто така е дел од процесот за проширување и неговото полно имплементирање е услов за самото проширување“, изјави еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, пред комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент еден ден по видео-конференцијата на лидерите на ЕУ и земјите на Западен Балкан, соопшти Бугарското национално радио.

„Според распоредот на настаните во јуни Европската комисија треба да го подготви европскиот пакет за проширување. „Се надевам дека тоа ќе биде договорено со заеднички став на сите земји“, додава Вархеји.

Слични Објави